POMOR NA RIBI

10.06.2024 Скопје

Официјални лица изјавија дека нивото на водата во лагуната е екстремно ниско поради продолжената суша и високите температури кои надминаа 40 степени Целзиусови.

Екологистите велат дека до изумирањето на рибите дошло поради тоа што се зголемила концентрацијата на загадувачи поради намалувањето на количината на вода. Масовно изумирање на рибите во таа област се случило и претходните години кога лагуната пресушила.
Локалните власти ги посипуваат мртвите риби со вар за да спречат ширење на болести.

Сушата со различен интензитет зафаќа речиси 90 отсто од Мексико, што е највисока стапка од 2011 година, според владините податоци.

Мексиканската држава Чивава е најтешко погодена од сушата.

Подготвено од М.Д.

About Author