Dodik-Putin

07.06.2024 Скопје

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик во четвртокот повторно се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а на средбата во Санкт Петербург двајцата го потврдија зајакнувањето на меѓусебните односи и го обвинија Западот за прекршување на Дејтонскиот договор со кој во 1995 година беше запрена војната во Босна и Херцеговина, а соред босанските Срби го воспоставува ентитетот Република Српска кој според нив Западот сега се обидува да го укине.

Додик престојуваше во Санкт Петербург на традициналниот Меѓународен економски форум, а откако Русија ја изведе инвазијата во Украина, на него не доаѓаат западните политички челници а доста се поретки и настапите на западните деловни челници. Меѓутоа, годинава приуствува шефовите на бројни водечки светски медиуми за кои во средата вечерта беше организирана прес-конференција со рускиот претседател Владимир Путин.

Во делот од средбата што можеа да го снимат телевизиските камери, забележливо е како Путин ги избегнува нападните обиди на Додик постојано да се прегрнува и бакнува, при што рускиот претседател инсистира само на ракување.

Во снимените аудио исечоци Путин вели дека е среќен бидејќи Додик дошол во Санкт Петербург и го изразува своето задоволство што босанските Срби постојано работат на зајакнување на врските со Русија, а исто така вели дека инсистира да се почитува договорот од Дејтон.

„Знаете дека нашата позиција во однос на Дејтон е постојана и непроменлива, а овластувањата утврдени со тој меѓународен документ се основа за зачувување на сегашната состојба и подобрување на ситуацијата“, рече Путин.

Додик, од друга страна, му се заблагодари на Путин за неговите принципиелни позиции во однос на Босна и Херцеговина, додавајќи дека Русија е единствената земја-сведок која го почитува договорот каков што е напишан.

Лидерот на босанските Срби се пожали на односот на Западот, за кој рече дека ги дерогира правата на Србите во БиХ, тврдејќи дека доказ за тоа е усвојувањето на резолуцијата за геноцид во Сребреница на Генералното собрание на Обединеите нации, на што се противат Бања Лука и Белград во што ја имаат поддршка од Русија и од Кина.

Тој потврди дека лично и преку влијанието што го има врз системот на одлучување во Босна и Херцеговина, ќе продолжи да го блокира воведувањето санкции против Русија.

„Остануваме упорни во одбивањето да се приклучиме на санкциите“, рече Додик, кој претходно отворено ја оправдуваше руската инвазија во Украина.

Потоа, толкувајќи го разговорот, тој повторно ја пофали Русија, тврдејќи дека нејзината економија сега е четврта во светот, а Путин го нарече лидер кој разбира што се случува во светот.

Тој зборуваше и за тоа како Западот постојано се обидувал да ја измами Русија.

„Гледам дека овде станува збор за решеноста да се реализираат интересите на Русија и тие нема да се откажат од тоа“, рече Додик.

Подготвено од М.Д.

About Author