04.06.2024 Скопје
Во Србија пристигна нова, иновативна франшиза – продавниците Вендобокс кои се отворени 24 часа на ден и каде што може да се купат разни производи од автомати.
Првата продавница без продавачи е млада франшиза, создадена пред година и пол во Унгарија и досега веќе имаат отворено 40 продавници главно во Будимпешта, но и во други градови од таа земја.
Станува збор за продавници со автомати кои нудат грицки, пијалоци, кафе, а ќе имаат и банкомати за подигање пари. Предноста на овие продавници е што се отворени 24 часа, седум дена во неделата и не бараат присуство на работници. Според плановите, првата продавница на Вендобокс ќе се отвори во средината на јули во Белград.
Корисникот на франшизата може да започне бизнис со три уреди, а досега најголемата отворена продавница има девет. Месечниот надоместок за франшиза ќе биде шест проценти од нето прометот и два проценти за чадор маркетинг што ќе го спроведе давателот на франшизата. Примателите заработуваат од прометот на производите како во класичната трговија, изнајмувањето простор за банкомат, а давателите на услуги од надоместоците за франшиза.
Подготвено од М.Д.