08.06.2024 Скопје
Децата повеќе не сакаат да станат учители, лекари и бизнисмени, туку инфлуенсери, покажало новото истражување на телекомуникациската компанија БТ Груп.
Истражувањето ги испитувало амбициите на најмладите во оваа година во однос на 2000 година.
Студијата покажала дека на резултатите влијаела популарноста на интернетот низ годините, при што децата на возраст од 11 до 15 години именуваат професии кои се занимаваат со социјалните медиуми, т.е. работа на инфлуенсер, како едни од најпосакуваните.
Во 2000 година, девојчињата сакале да станат учители, лекари, адвокати, психолози и медицински сестри, додека момчињата ги истакнале професиите како што се менаџери, инженери, лекари и спортисти.
Според резултатите од овогодинешното истражување, четири од пет од првите пет работни места наведени од момчињата се поврзани со STEM (технологија, инженерство и математика), вклучувајќи дизајн на видео игри и софтверско инженерство.
Директорката за социјално влијание на Групацијата БТ, Викторија Џонсон, рече дека во споредба со момчињата, многу девојки сметаат дека кариерата во технологијата не е за нив.
Студијата исто така покажала дека повеќе од 51 отсто од анкетираните девојки веруваат дека технолошките кариери се посоодветни за момчињата, а речиси 78 отсто веруваат дека нема доволно женски примери во технолошката индустрија.
Подготвеноод М.Д.