05.06.2024 Скопје
Чилеанската државна рударска компанија „Енами“ соопшти дека интересот од потенцијалните партнери за проектот за екстракција на литиум е силен, откако ги објави првите резултати од кампањата за дупчење вредна 10,5 милиони долари.
Компанијата истакнува дека според тие студии, примероците на солена вода во наоѓалиштето Агилар покажале просечна концентрација од 740 милиграми литиум на литар.
Од Енами очекуваат дека овие резултати ќе помогнат да се најдат партнери за финансирање, развој и управување со проектот, а заинтересираните компании имаат рок да аплицираат до петок.
„Има голем интерес од релевантни компании од нашиот сектор“, најави Енами.
Проектот за екстракција на литиум наречен Altoandinos е во рана фаза и е дел од планот на чилеанскиот претседател Габриел Бориќ да отвори нови области за ископ на литиум во обид да се зголеми производството на метал за батерии.
Алтондинос се состои од три сè уште неразвиени полиња со сол во регионот Атакама и треба да произведе 20.000 метрички тони руда до 2032 година и тројно повеќе до 2037 година, според владините проекции во Сантијаго.
Подготвено од М.Д.