04.06.2024 Скопје
Од година во година Грција станува се попопуларна за туристите посебно од Република Северна Македонија и Србија кога се во прашање одморите, а една од многуте причини е достапноста на основните цени на храната.
Грција годинава очекува рекордна бројка од 35 милиони туристи од целиот свет, а меѓу нив најбројни ќе бидат Србите.
Во популарната група „Грчка инфо“ една жена објави фотографии на кои се гледаат цените на овошјето, зеленчукот и лежалките во популарниот туристички град Неи Пори.
Понудата за лежалки особено ги воодушеви членовите на оваа група, имено, за само 4 евра добивате лежалка, чадор, познатото грчко кафе и вода или крофна. Исто така, цените на овошјето и зеленчукот изненадија многумина, на пр. цената за килограм домати е 0,89 евра, корпа со дињи 1,90 евра, а грозјето 6,50 евра
Објавата предизвика лавина главно позитивни коментари: „Ова го нема ни во Белград“, „Цените се одлични“, „Преевтини за Грција“, „Луѓе мои, ова е многу поевтино од овде“ итн.
Подготвено од М.Д.