ELEKTRICNO VOZILO

24.06.2024 Скопје

Кина и ЕУ се договорија да започнат разговори за планираното воведување тарифи за електричните возила од кинеско производство (ЕВ) увезени на европскиот пазар, објавија високи претставници на двете земји.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека еврокомесарот Валдис Домбровскис го информирал дека ќе има конкретни преговори за царина со Кина.

Потврдата дојде откако кинеското Министерство за трговија соопшти дека неговиот шеф Ванг Вентао и Домбровскис, извршниот потпретседател на Европската комисија, се согласиле да започнат консултации во врска со истрагата против субвенционирањето на ЕУ за кинеските електрични возила.

„Ова е ново и изненадувачки, бидејќи во последните неколку недели не беше можно да се влезе во конкретен распоред на преговори“, рече Хабек во Шангај.

Тој додаде дека ова е првиот чекор и дека ќе бидат потребни уште многу.

Далеку сме од крајот, но барем тоа е првиот чекор што претходно не беше можен“, изјави Хабек.

Министерот претходно изјави дека вратата на ЕУ е отворена за дискусии за царините на ЕУ за кинескиот извоз.

„Она што денеска им го предложив на моите кинески партнери е дека вратата е отворена за разговори и се надевам дека таа порака е слушната“, рече Хабек во својата прва изјава во Шангај, по средбите со кинеските претставници во Пекинг.

Посетата на Хабек е прва на висок европски функционер откако Брисел предложи високи царини за увоз на кинески ЕВ за да се бори против она што ЕУ го гледа како прекумерни субвенции.

Хабек рече дека има време за дијалог меѓу ЕУ и Кина за тарифните прашања пред тарифите да стапат целосно на сила во ноември и дека верува во отворени пазари, но дека пазарите бараат еднакви услови за игра.

Подготвено од М.Д.

About Author