BAKTERIJA

19.06.2024 Скопје

Три лица починале во Клиничкиот центар во Загреб, откако се заразиле со болеста легионела. А вкупно шест лица се заразиле во болница.

Како што информираат хрватските медиуми, покрената е истрага за да се открие од каде започнала инфекцијата, бидејќи се знае дека може да се прошири или од клима-уреди или од вода.

Од Клиничкиот центар во Загреб претходно потврдиле дека легионела се појавила во болницата, по е во тек пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата.

Легионела се наоѓа во природата во различни води како реки, езера и кал. Од оваа болест најчесто заболуваат пушачи и луѓе над 50 години.

Подготвено од М.Д.

About Author