06.06.2024 Скопје
Американската компанија Боинг ја лансираше својата капсула „Starliner“ кон Меѓународната вселенска станица со двајца астронаути на НАСА.
Ова е прв пат на леталото да му се довери да превезува луѓе откако помина низ долга и напорна програма за развој.
Буч Вилмор и Суни Вилијамс ќе ја тестираат капсулата во мисија која се очекува да трае нешто повеќе од една недела.
„Starliner“ треба да се приклучи на вселенската станица во четврток.
Капсулата се искачи од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида, со помош на ракетата на „United Launch Alliance Atlas“.
12-минутното искачување изгледаше беспрекорно.
Неколку моменти пред полетувањето, командантот Вилмор им се заблагодари на сите што работеа за да ја овозможат мисијата.
„Starliner“ сега треба да се издигне до орбитата на Меѓународната вселенскастаница, која кружи околу Земјата на надморска височина од околу 400 километри.
За 24 часа, колку што ќе бидат потребни, Вилмор и Вилијамс планираат да го управуваат леталото низ неговите етапи, вклучително и со мануелна контрола на системите за летање.
Подготвено од М.Д.