10.06.2024 Скопје
Со Годишната програма за социјална, детска и здраствена заштита за 2024 година, Општина Крива Паланка првпат ќе овозможи бесплатен летен камп за деца од семејства во социјален ризик.
Објавен е јавен повикот е за пријавување деца од 7 до 14 години, ученици од второ до деветто одделение во двете основни училишта од градот: ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“.
Право на користење на годинашниот, прв, бесплатен летен одмор за дечиња од општината во соработка со Сојуз за грижи и воспитување на децата на Република Северна Македонија, Скопје, имаат сите деца од: семејства корисници на гарантирана минимална парична помош – социјална помош, семејства на самохран родител и деца без родители и родителска грижа.
До крај на тековната учебна година трае доставувањето пријави за бесплатниот седумдневен престој што ќе се одржи во Детското одмаралиште “Радости”, Охрид, од 07-13 август годинава.
Одморот ќе вклучи: забавни, спортски и едукативни работилници и активности под менторство на стручни лица, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.
Подготвено од М.Д.