06.06.2024 Скопје
Банкротот на третиот најголем тур-оператор во Европа – германската „ФТИ груп“ ќе влијае на одморот на близу 20.000 Германци во Бугарија, колку што е годишниот обем на нивниот број на Црното Море.
Сè уште се очекува дека туристите ќе бидат пренасочени кон други германски тур-оператори кои продаваат туристички пакети за бугарското крајбрежје на Црното Море – TУИ, ДЕР Туристик, Aлтурс и Шнауинсланд- Рајзен. Сепак, дел од германските туристи може да одбијат да одморат во Бугарија.
Тие ќе го завршат одморот според резервацијата, но ќе ги откажат сите наредни резервации. Најпогодени беа хотелите на островите Крит, Родос и Кос, каде летово истиот тур-оператор очекуваше 100.000 германски туристи.
Подготвено од М.Д.