28.06.2024 Скопје

Во Израел демонстрантите блокирале автопат во Тел Авив, предизвикувајќи големи сообраќајни застои. Демонстранти кои бараат враќање на заложниците блокираа повеќе различни патишта низ целата земја.

На главниот приморски пат на Израел, Рута 2, во близина на ХаБоним јужно од Хаифа, демонстрантите го запреле сообраќајот во двата правци.

На автопатот Ајалон во центарот, демонстрантите запалиле метална кафезна конструкција на која пишувало „Помош“.

Протестите се одржуваат под мотото „Или договор, или погреб“.

„Нетанјаху се откажа од заложниците. Што се однесува до него, тие можат и да бидат погребани во Газа се додека тој ја задржува својата функција“, изјавуваат семејствата на заложниците кои се вклучени во протестите.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *