Tramp-i-Bajden

28.06.2024 Скопје

Според анкетите, тие имаат речиси подеднаква поддршка од гласачите. Трамп и Бајден ќе разговараат за економијата и војните, но и за миграцијата и иднината на демократијата.

Како двајца најстари претседателски кандидати во американската историја, годините сигурно ќе бидат изборно прашање.

Гласачите во САД во текот на 90 минути на Си-Ен-Ен ќе можат да видат колку се психички и физички силни 81-годишниот кандидат на Демократската партија Џо Бајден и неговиот 78-годишен ривал од Републиканската партија Доналд Трамп, со оглед на тоа што се загрижени за двајцата поради нивната возраст.

Анкетата на колеџот Сиена во март покажа дека 73 отсто од гласачите сметаат дека Бајден е „престар“ за да биде претседател, додека околу 42 отсто го рекле истото за Трамп.

Гласачите во САД сметаат дека кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, е подобар кандидат кога станува збор за економијата, но дека кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден, е подобар во однос на зачувување на демократијата.

Друга анкета покажа дека двата клучни проблема за гласачите во САД се состојбата на демократијата и економијата, при што 47 отсто од анкетираните веруваат дека Трамп е подобар избор за справување со тој проблем, додека 37 отсто од нив се со став дека Бајден е подобар.

Кога станува збор за прашањето за имиграцијата, 44 отсто од анкетираните сметаат дека Трамп е подобар избор, додека 31 отсто од нив сметаат дека Бајден е подобар.

Трамп исто така се смета за подобар кандидат за прашањето за надворешни конфликти и тероризам со 40 отсто спрема 35, но Бајден е подобар кандидат кога станува збор за одговор на екстремизмот и заканите по демократијата, со 39 отсто наспроти 33, што според испитаниците е втор најголем проблем во САД.

Бајден води и кога станува збор за здравствената заштита, 40 отсто наспроти 29.

Подготвено од М.Д.

About Author