12.06.2024 Скопје
Македонскиот ајвар „Мамас“ кој е еден од најпознатите а чиј производител е фирма на поранешниот лидер на СДСМ и премиер на Република Северна Македонија, Зоран Заев, ги шокираше нашите во Австралија кога беше објавена фотографија од неговата цена.
Според постот на една Македонка која живее во Австралија, на фотографијата се гледа цена од неверојатни 17,95 австралиски долари, или 680 денари.
„Сфаќам, трошоците за живот се смешни, но сега ајварот! Отсекогаш сум сакала да почнам да правам свој ајвар. Очигледно сега ќе почнам„ вели во постот Македонката.
На постот се нанижаа и голем број коментари.
„Никогаш не би дала толку пари за ајвар“, гласи еден од коментарите.
Подготвено од М.Д.