pari 2

01.06.2024 Скопје

Треба да се размисли за што таа милијарда ќе се реализира, и како ќе влијаат најпродуктивно за економијата. Само продуктивно потрошени средства може да имаат мултипликатор кон економијата, затоа што само ако се покриваат дупки, на крај од денот ќе треба да ги вратиме тие пари со камата“, вели Виктор Мизо од секторот за странски инвестиции.

Професорот Бојаџиев истакна дека новата влада ќе мора да се соочи со „дупка“ во буџетот од 500 милиони евра, и истата ќе мора да се покрие.

„Кај нас постои дефицит повеќе од 10 години преку 300 милиони евра годишно во просек, а последните две години е преку 500 милиони евра. Тоа е неодговорно политичко однесување. Сите зборуваат за стратегија, а во меѓувреме трошиме како луди. Истото се случи и оваа година. Традиционално велиме ќе има дефицит 300-400 милиони евра, и пишуваат некоја бројка капитални инвестиции и истата никогаш не се реализира. Дефицитот е веќе потрошен во првите четири месеци. Има дупка во буџетот од 500 милиони евра. Новата влада ќе треба да ја покрие таа дупка на минатата влада направена со недомаќинско работење“, изјави Бојаџиев.

За сивата економија, Јовановски кажа дека во моментов просекот во Република Северна Македонија е околу 33%, а ако успее да се сведе на нивото на ЕУ, каде е 19%, тогаш во буџетот ќе има повеќе пари.

„Сивата економија во Република Северна Македонија е 32-33% од БДП, а просекот во ЕУ е 19,4%. Ако успееме да ја сведеме до просекот на ЕУ, ние ќе имаме 450 милиони евра повеќе во буџетот на годишно ниво“, рече Јовановски.

За подобра економија, мора да се искорени корупцијата, да има владеење на правото и да се инвестира во инфраструктура и енергетија, како и во образование.

„Покрај техничко знаење, на нашиот универзитет се обидуваме да дадеме критично размислување за почитување на закони и етичност во она што се прави. Веројатно тоа е суштината, ако почнеме така да размислуваме, можеме да направиме одговорно општество“, кажа Бојаџиев.

Подготвено од М.Д.

About Author