Image by wirestock on Freepik

02.05.2024 Скопје

Агенцијата за супервизија на осигурување соопшти дека целосно е неоправдан и без основа потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.

Според АСО, која е регулатор на пазарот на осигурување, зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците.

АСО наведува дека „ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност“.

До надлежната комисија при Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување доставила анализа во која се содржани клучните аргументи против зголемување на цената на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author