17.05.2024 Скопје
Коалцијата Вреди нема да инстира на уставни измени по секоја цена како што најавуваше пред изборите. Изет Меџити вели дека ќе се внимава на чувствата на Македонците и ќе се бараат гаранции од Европската Унија за сигурна интеграција на Република Северна Македонија.
„Измените зависат првично од поголемата заедница, т.е. од Македонците во оваа држава. Ние во ниеден случај не сакаме да се чувствуваат загрозени, оставени сами на себе. Напротив, сакаме заедно да најдеме заеднички пат кон интеграција, која што е единствена аспирација за сите граѓани на државата“, изјави Меџити.
Меџити изјави дека ќе се работи на гаранции дека нема да има нови блокади.
„Оваа влада ќе биде стабилна и ќе има над 75 и 80 пратеници. Кај Албанците нема дилема во однос на уставните измени, но без македонската заедница, без тоа да го определи и ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 58 пратеници, тоа не може да се тера само со наша добра волја. Ние цениме дека треба да придонесеме во оваа насока. Ние сме да се донесат уставните промени. ВМРО-ДПМНЕ истото го има во програмата, но тие се плашат дека и ако ова се апсолвира ќе се испадне нешто друго. Бараат гаранции да не испадне нешто после тоа. Со меѓународната заедница заедно ќе работиме да добиеме нови гаранции и да нема нови услови, но остануваат топ приоритет за што влегуваме во оваа влада која е европски ориентирана“, рече Меџити.
На прашањето дали ќе бараат да се испита Договорот со „Бехтел и Енка“, Меџити рече дека оваа работа ќе ја остават на судството и Јавното обвинителство.
Подготвено од М.Д.