29.05.2024 Скопје
Синдикатот кој претставува десетици илјади луѓе во јужнокорејскиот технолошки гигант „Самсунг Електроникс“ соопшти денеска дека работниците првпат досега ќе стапат во штрајк.
Портпаролот на Синдикатот наведе дека штрајкот е закажан на 7 јуни, а работниците тој ден ќе користат одмор за да штрајкуваат. Штрајкот се организира поради „запоставувањето на работниците од страна на компанијата“.
Штрајкот на вработените во „Самсунг Електроникс“ може да ги наруши клучните глобални синџири за снабдување со полупроводници. Јужнокорејската компанија е еден од најголемите светски производители на паметни телефони и фирма што глобално ниво произведува мемориски чипови од висока класа што се користат за генеративна вештачка интелигенција.
Менаџментот на „Самсунг Електроникс“ и работниците во јануари не успеаја да ги надминат разликите и преговорите не успеаја.
Подготвено од М.Д.