potkup mito

20.05.2024 Скопје

Аналитичарка вработена во СВР Скопје се сомничи дека примала поткуп за посредување при добивање социјални стабови. МВР информира дека вработената е уапсена вчера, откако е фатена во моментот на примање околу 12 илјади евра, кои претходно биле обележани. Парите биле наменети за да посредува при добивање социјални станови од Б категорија. Вработената во МВР ја пријавиле три лица, а против неа ќе се покрене кривично дело измама по член 247 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Скопје веќе донело наредба за спроведување истражна постапка против 41 годишната аналитичарка, која на трите оштетени лица им се претставила како началник во полициската станица Гази Баба и член на Комисија за доделување социјални станови. Таа на трите невработени лица им ветувала дека ќе добијат социјални станови во Лисиче по цена што е пониска од реалната. Им барала да и се исплатат 12 илјади вера по стан и 3 илјади евра за посредување и изготвување документација. Измамата траела цела година, почнувајќи од април лани, а лицата во повеќе наврати и давале пари, при што последно било вчера кога е пријавена.

Полицијата вчера напари претрес на службените простории што ги користела пријавената. Пронашла  обемна сомнителна документација поврзана со кривичното дело. Станува збор за разни документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани, договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови. Пронајден е и тефтер со ракопис каде најверојатно е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи.

Направен е претрес во домот и други простории кои ги користи пријавената, кои се наоѓаат во Општина Сарај. Пронајдено е огнено оружје со шест парчиња муниција кои најверојатно ги поседува без дозвола, за што е известено е и Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје, кое треба понатаму д апроверува и постапува.

Јавниот обвинител поднел предлог  за определување мерки за претазливост-забрана за напуштање на живеалиштето, повремено пријавување во судот и одземање на пасош.

Во меѓувреме МВР информира дека ќе се испитува дали приведената соработувала со други службеници на високи позиции во полицијата.

Подготвено од М.Д.

About Author