skopje

14.05.2024 Скопје

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска  во Скопје ќе отвори Центар за поддршка и советување на мажи во Република Северна Македонија.

Ова, како што информираат од ХЕРА, е прв центар од ваков вид во нашата земја, кој ќе нуди бесплатни советувања и поддршка со терапевти за момчиња и мажи, со телефонско закажување за термин (070 299 026).

Центарот се отвора со поддршка на австриското Сојузно министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, во соработка со Здружението за машки и родови прашања Стирија од Австрија.

Подготвено од М.Д.

About Author