festival za zensko zdravje

15.05.2024 Скопје

Фестивал за женско здравје за првпат ќе се одржи в недела во организација на граѓанската организација „Младите можат“, со поддршка од „ДМ дрогерии“.

Како што е најавено, настанот ќе содржи партиципативни и интерактивни сесии дизајнирани да се осврнат на различни аспекти на здравјето и зајакнувањето на жените.

– Примарната цел на проектот е да ги поттикне младите девојки и жени – на возраст од 15 до 29 години во Република Северна Македонија, да преземат одговорност за нивното физичко и ментално здравје преку информиран избор и холистички практики на начин на живот.

Проектот има за цел подигнување на свеста кај младите девојки за важноста на здравите навики во исхраната, физичката активност и регуларен сон, промовирање на грижата за менталното здравје и практикување ментална хигиена, нагласувајќи го управувањето со стресот, стратегиите за справување со менталните состојби и емоционалната благосостојба, потоа едуцирање на младите девојки за здрави родителски практики, поттикнувајќи негувачка средина и за нив и за нивните идни семејства, како и креирање на заедници за поддршка каде што младите девојки можат отворено да разговараат за теми поврзани со здравјето, да бараат насоки и да градат мрежа на врсници, вели Филип Ивковски, програмски координатор за ментално здравје во „Младите можат“.

Организаторите најавуваат низа содржини фокусирани на потребите на жените и девојките како катче за ментално здравје, катче за физичка активност, катче за здрава исхрана, катче за грижа за тело и детско катче.

Подготвено од М.Д.

About Author