vilnius

17.05.2024 Скопје

Зголемувањето на цените во сите сегменти доведе до фактот дека се повеќе туристи избираат дестинации според расположливиот буџет и се свртуваат кон места каде што можат да добијат повеќе за своите пари.

Британската пошта ја објави својата традиционална годишна листа на најпрофитабилните дестинации за туристите. Литванскиот главен град Вилнус го зазеде првото место, пред минатогодишниот победник Лисабон.

Еве колку чини, според нивните пресметки, викенд во тој балтички град и кои се најевтините градови за туристи во 2024 година.

Истражувањето ги анализира податоците од 37 градови низ Европа за 17 години и ги споредува цените. Тие ја земаат предвид просечната цена на сместување за дводневен или викенд престој. Во анализата се вклучени и цените за посети на водечки туристички атракции, музеи и галерии, разгледување со автобус и билети за јавен превоз. Вклучени се и трошоците за храна и пијалоци, гледајќи сè, од едноставна шолја кафе до вечера од три јадења за двајца, вклучително и домашно вино.

За оние кои сакаат патувања „сити брејк“, кои ги има многу во Европа, овие податоци можат да бидат добар показател кога планирате буџет за одредена дестинација.

Вилнус е град на прекрасната архитектура од различни стилови, а старото јадро е под заштита на УНЕСКО.

За викенд во Вилнус на туристите им требаат 275 евра, 10 отсто помалку отколку во вториот град на листата, а тоа е Лисабон. Вилнус е двојно поевтин од 18-те градови на листата. Овој град се повеќе е на радарот на туристите, а минатата година беше прогласен за еден од најпотценетите градови во Европа кој дефинитивно треба да се посети. Лежи на сливот на реката Вилнија со реката Нерис и има нешто повеќе од половина милион жители.

Вилнус е град со многу богата архитектура со различни стилови. Готика, ренесанса, барок и неокласицизам наизменично.

Стариот центар на градот, е впишан на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Некои од главните атракции се катедралата со импресивна камбанарија, старото градско собрание, замокот на ридот Гедиминас, кој нуди прекрасен поглед на градот…

Лисабон го изгуби првото место поради зголемување на цените на сместувањето.

Според ова истражување, потребно е да се издвојат 152 евра за сместување за време на викенд во Вилнус, а околу 70 за вечера за двајца со шише вин.  Лисабон годинава падна на второто место токму поради зголемувањето на цените на сместувањето.

За викенд во тој град, сместување и оброци на туристите сега им требаат 305 евра.

Објавени се и најскапите градови за туристи. Првото место и понатаму го држи Амстердам, каде за викенд би требало да се издвојат 778 евра.

Подготвено од М.Д.

About Author