VESTACKA INTELIGENCIJA 2

17.05.2024 Скопје

Вештачка интелигенција зема замав во сите области во општеството. Имплементирана во апликации на паметните телефоните, може да детектира кој од нас има проблем со психичкото и ментално здравје.

Според истражувањата на експертите менувањето на расположението и однесувањето кај човекот може да се менува од недела во недела, а драстична разлика да се види и за еден месец.

Моделот на апликација со вештачка интелигенција може да детектира знаци на депресија до 75 отсто.

,,Целта не e да се следат луѓето на начин како Големиот брат, туку да се користат податоци од нивниот секојдневен живот кои ќе информираат за менталната здравствена состојба” вели докторот Николас Џејкобсон од Медицинскиот факултет Гејзел во Дартмут.

Студијата направена на оваа тема, собра повеќе од 125 илјади слики од 177 учесници, а истражувачите имаа за цел да ја подобрат безбедноста на апликацијата.

Минатата година дури 29 отсто од Американците, изјавија дека имаат дијагностицирано депресија во текот на нивниот живот.

Подготвено од М.Д.

About Author