stejt department

21.05.2024 Скопје

Американскиот Стејт департмент изрази разочарување поради затворањето на шесте филијали на српската „Банка поштенска штедилница“ на северот на Косово од страна на косовската полиција, истакнувајќи дека „оваа акција не беше координирана со меѓународните партнери“ и дека придонесува за зголемување на тензиите во областа.

Портпарол на Стејт департментот, во изјава што ја пренесуваат медиумите во Приштина, оцени дека вчерашната акција на косовската полиција „ја поткопува перцепцијата дека Косово дејствува со добра волја за решавање на споровите Србија преку дијалогот кој го олеснува Европската унија“.

Портпаролот истакна дека „владата на САД постојано бара координација меѓу нашите влади“ за да се поддржи напредокот на Косово на неговиот евроатлантски пат, вклучително и неодамна „од заменичката државен секретар Елизабет Ален на нејзиниот состанок со премиерот (Албин) Курти на 19 мај“.

Стејт департментот ја повтори загриженоста на САД во врска со мерките на Централната банка на Косово за ограничување на употребата на српскиот динар.

Подготвено од М.Д.

About Author