https://www.facebook.com/ViktorVeledVagyunk/photos/1375515825850068

27.05.2024 Скопје

Унгарија го блокираше одобрението на Европската унија за користење средства добиени од замрзнати руски средства за купување оружје за Украина, изјавија пет амбасадори од земјите-членки на ЕУ.

Овие амбасадори во средата присуствуваа на состанокот на кој унгарскиот амбасадор се спротивстави на договорот на ЕУ за користење средства добиени од замрзнати руски средства во вредност од 190 милиони евра за купување оружје за Украина.

Засега тие (Унгарците) ќе блокираат се што е поврзано со воената помош за Украина – изјави еден од неименуваните амбасадори, оценувајќи дека ваквиот однос на Будимпешта ќе трае до јунските избори за Европскиот парламент.

Според друг извор, Будимпешта се согласила да не стави вето, туку само да го одложи спроведувањето на предлогот на ЕУ со задржување на поддршката, а поради понудата што и била дадена, според која нејзиниот дел од средствата од замрзнатите руски средства нема да бидат користени за поддршка на Украина.

Европските дипломати се надеваат дека ќе најдат начин да го решат овој проблем пред јули, кога е предвидено парите да и бидат исплатени на Украина.

Од почетокот на војната во Украина, земјите-членки на ЕУ и земјите од Г7 замрзнаа околу половина од девизните резерви на Русија, во износ од околу 300 милијарди евра, а околу 200 милијарди се наоѓаат во ЕУ, главно на сметките на белгиската компанија која обезбедува финансиски услуги Euroclear.

Москва претходно предупреди дека ќе одговори на евентуалната одлука на ЕУ да го испрати профитот од замрзнатите средства на Русија во Украина.

Подготвено од М.Д.

About Author