14.05.2024 Скопје
УКИМ го делат само 10 места од последното на најдобри 2000 универзитети во светот според последната ранг листа на Центарот за рангирање на светски универзитети кои најпрестижниот универзитет во земјава го позиционираа на „опашката“, односно на 1990 место. Државниот универзитет Св. Кирил и Методиј пет години е во слободен пад на листите, спуштајќи се 174 места подоле или само годинава паднал за 26 места. Поразителната состојба е очекувана според професорот и социолог Илија Ацевски кој укажува на децениски проблем на универзитетот кој се повеќе создава некомпетентни кадри.
Реформи нема да помогнат, вели ацевски, туку формирање на комисија која ќе оцени колку професорите го подготвиле студентот, бидејќи некои од нив предаваат и повеќе од 20 часа неделно.
Што се однесува до универзитетите во соседството, Србија има четири на ранг листата, од кој Белградскиот е најдобро рангиран на 376 позиција. Бугарија има два рангирани универзитети, додека пак Грција 12. Од Хрватска на листата се најдоа 4 високообразовни инситуции.
Како и изминатите години, годинава на листата немаше место за универзитетите од Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово..
Пиететот најдобар светски универзитет годинава го однесе Харвард, а по него следуваат МИТ и Стенфорд исто така од САД, а веднаш зад нив се британските Оксфорд и Кембриџ.
Подготвено од М.Д.