KRATOVO

20.05.2024 Скопје

Малото македонско гратче Кратово сè почесто е на агендата на туристите и од земјава и од странство. Како што вели Стевче Доневски, хроничар од Кратово, сè повеќе се зголемува интересот за посета на Кратово и околината, не само од домашните викенд-туристи, туку и од гостите од Европа. Токму деновиве, група туристи од Холандија биле пријатно изненадени од богатата историја на Кратово, од едноставноста на мештаните и нивната гостољубивост, но и, како што посочиле, од мирниот ритам на животот.

Дел од гостите се обиделе сами да ја к`цаат солта во специјалниот сад, кој е ист како оној што се користел во старо време. Но, како што вели Доневски, забележеле дека хигиената не е на потребното ниво.

Тој дополнува дека при посетата на Кратово, туристите имаат можност да дегустираат различна храна.

За странските гости се обезбедува и панорамско разгледување на Кратово, Шлегово, етно-куќата „Шанчева“, црквите и манастирите.

Подготвено од М.Д.

 

About Author