SI GINPING I VUCIC

09.05.2024 Скопје

Кинескиот претседател Си Џинпинг и српскиот претседател Вучиќ, потпишаа заедничка изјава за продлабочување и подигнување на сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Србија.

,,Кога станува збор за оваа нова почетна точка, односите меѓу Кина и Србија навистина сакаат да имаат уште посветла иднина, ние сме подготвени да работиме со Србија, да го продолжиме духот на нашето челично пријателство, да се посветиме на нашето пријателство и да го изедначиме. Подобро ќе работиме заедно со Србија, за да ги браниме нашите фундаментални и долгорочни интереси, а кога станува збор за различни меѓународни случувања, сакаме да ја изградиме таа заедница со заедничка иднина, а тоа е дел од нашите напори да придонесеме кон заедницата за заедничка иднина на целото човештво”, изјави Си Џипинг пред потпишувањето на оваа заедничка изјава.

Владите на Србија и Кина потпишаа 29 договори и меморандуми за соработка меѓу двете земји.

Подготвено од М.Д.

About Author