14.05.2024 Скопје
Актерката Софија Вергара станала мајка кога имала само 19 години. Таа преку својата приказна покажува извонредна истрајност и решителност во самостојното воспитување на детето на многу млада возраст. Децении подоцна ќе потврди дека сменила многу улоги, но дека мајчинската улога сепак за неа е најубава.
„Маноло го родив многу рано, немав ни 20 години. Речиси и не се паметам без него. Отсекогаш мислев дека сум премногу млада, но сега имам 52, а тој 32 г. и се чувствувам одлично. Малтене бев тинејџерка кога го родив, па некако пораснавме заедно. Мислам дека можеби ќе бев подобра мајка ако го родев малку подоцна, ќе бев позрела и поодговорна, но се случи така“, истакнала таа неодамна во една ТВ емисија.
Откако се развела од таткото на Маноло, Софија се посветила на воспитувањето на својот син, трудејќи се да му биде најдобар пример и да му обезбеди сè што му е потребно. Иако признала дека сè ќе било полесно доколку Маноло би пристигнал десет години подоцна, таа истакнува дека секоја жртва е вредна за трудот кога гледа колку нејзиниот син е воспитан, шармантен и забавен.
Софија успеа да оствари успешна кариера во светот на филмот додека се грижела за својот син. Низ годините, нејзиниот подем во светот на глумата и манекенството беше импресивен, а нејзиниот син Маноло растел со поддршката и љубовта на својата мајка. Како мајка, Софија редовно се грижи за својот син и му ги пренесува своите животни лекции. Нејзините совети за безбедноста и одговорното однесување ја покажуваат нејзината длабока посветеност на мајчинството.
Подготвено од М.Д.