17.05.2024 Скопје
Преголемата употреба на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ или „X“ можат да придонесат до нарушен сон, депресија, стрес и анксиозност, предупредуваат лекарите.
Докторката по неврологија, Рејчел Самерс изјави дека за да се избегне ваквиот проблем, потребно е да не се користат социјалните мрежи повеќе од половина час на ден.
Таа посочи дека: ,,Tрошењето до 30 минути дневно на социјалните мрежи ја намалува опасноста од осаменост, депресија и анксиозност. Ако спиете лошо или страдате од намален фокус, најверојатно премногу долго време минувате на социјалните платформи. Меѓу последиците од прекумерната употреба на ваквиот вид мрежи, се и анксиозност, депресија, осаменост, стрес и главоболки.”
При појава на некој од овие симптоми, таа препорачува намалување на употребата на социјалните мрежи за 20 % на дневно ниво.
Подготвено од М.Д.