20.05.2024 Скопје
Некои сапуни имаат делотворен ефект против комарци, но други сапуни го чинат спротивното. Во таа смисла, се препорачува сапун со состојки од кокос.
Комарците се потпираат на своите мирисни сетила, па нивното однесување зависи од нив. А пак, испитувањето покажува дека сапуните го менуваат мирисот на луѓето. Според Министерството за земјоделство на САД вели дека масните киселини во кокосовото масло имаат „силна одбивност и долготрајна делотворност“ против инсектите воопшто – комарци, крлежи, бубачки и муви.
Имено, според научните испитувања, тие масни киселини од кокос се 90 отсто благотворни во спречувањето каснувања од комарци.
Подготвено од М.Д.