21.05.2024 Скопје
На дното на Северното море, ќе биде поставен кабел во должина од неколку стотици километри, за „струјно“ да се поврзат Германија и Велика Британија.
Церемонијата на пуштањето на кабелот ќе се одржи денеска во крајбрежниот германски град Вилхелмсхавен, а ќе присуствува германскиот министер за економија, Роберт Хабек.
Кабелот ќе биде долг 725 километри, и ќе ја поврзе германската електрична мрежа со југоисточниот британски остров Грајн. Воедно, ова ќе биде прва енергетска врска меѓу двете земји.
Вредноста на проектот изнесува 3 милијарди евра. Кабелот ќе може да носи 1,4 гигавати електрична енергија во две насоки, што е доволно за напојување на 1,5 милиони домаќинства.
Подготвено од М.Д.