gordana siljanovska-davkova

23.05.2024 Скопје

Честитки до припадниците на влашката заедница по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.

Како посебен народ, со сопствен јазик, автентична култура и многувековно постоење на овие простори, само во нашата заедничка македонска татковина, Власите се уставно признати и општествено ценети. Тоа се должи на македонската традиција на соживот и на почитување на достоинството на различноста, но и на влогот на Власите во борбата за слободна македонска држава.

Влашкиот јазик е дел не само од македонското, туку и од европското културно богатство. Затоа, потребна е одлучна акција за зачувување и за промовирање на влашкиот јазик, идентитет и култура, особено во образовниот систем и неговото користење во приватниот и јавниот живот, во духот на европските вредности, стои во честитката на Силјановска Давкова.

Подготвено од М.Д.

About Author