SI GJINGPING 2

30.05.2024 Скопје

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика да се организира голема мировна конференција за изнаоѓање решение за конфликтот во Појасот Газа.

Кинескиот лидер го упати својот апел на форумот во Пекинг на кој присуствуваа арапски лидери и дипломати.

Кинескиот претседател истакна дека е потребно „решение со две држави“ за израелско-палестинскиот конфликт. Тој истакна дека Кина цврсто го поддржува формирањето на независна палестинска држава и „прифаќањето на Палестина како полноправна членка на Обединетите нации“.

Подготвено од М.Д.

About Author