HAMBURGER

10.05.2024 Скопје

Како да добила седмица на Лото, минатата година популарната „Седмица“во чија сопственост се повеќе сенвичари и еден ресторан, направила профит од 1 милион евра и продала сендвичи (и нешто плус во ресторанот) за дури 5 милиони евра!

Но, за волја на вистината, фасцинантни резултати се редовна појава во работењето на„Фаст фуд 7“. Тие одлично работеле и во 2022 година кога направиле промет од 4,3 милиони евра и профит од над 730.000 евра. И да се оди наназад секогаш ќе се видат одлични заработки.

Пред сендвичарите на „Седмица“ обично секогаш има големи редици. Но, од компаниите се доследни на својата стара пракса, па на нивната веб страница напишале: „Не примаме онлајн нарачки, не вршиме достава“. Компанијата  го применува и стариот традиционален начин на плаќање, па не прима платежни картички, односно се води по онаа старата „Пара на рака, Мара за рака“.

Според истакнатото мени, најпознатиот хамбургер со плескавица чини 220 денари, а со пилешко е 240 денари.

„Седмица“ го добила своето име по датата кога почнала со работа – 7 септември 1987 година. Таа, сега таа господари со сендвичите во Скопје веќе 37-ма година.

Подготвено од М.Д.

About Author