22.05.2024 Скопје
Почнува кампањата на Eвропскиот центар за исчезнати деца, Амбер Алерт Европа по повод меѓународниот ден а во насока на подигнување на свеста за важноста од брза реакција во случај на изгубено дете.
Македонските надлежни институции ќе бидат дел од оваа кампања која ќе биде активна во 16 држави а се одвива со мотото: проверете, размислете, пријавете.„Проверете“ за да го потврдите отсуството на детето. „Размислете“ за да се потсетите каде вашето дете би можело да биде и зошто би исчезнало и „Пријавете“ за да алармирате.
Претседателот и основачот на Амбер Алерт, Френк Хоен вели дека годишно во Европа исчезнуваат 300 илјади деца и дека оваа кампања има за цел да ги заштити децата и да ги зголеми шансите за брзо поврзување на децата со родителите.
„Секоја година, 300.000 деца исчезнуваат во Европа. Кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете“ е клучна пресвртница во нашите постојани напори да ги заштитиме децата и да ги поддржиме семејствата во време на такви кризни ситуации. Целта е да се подобри времето на реакција и да се зголемат шансите за безбедно и брзо повторно обединување на исчезнатите деца со нивните сакани и најблиски.“ – вели Претседател и основач на Амбер Алерт, Френк Хоен.
Кампањата „Проверете. Размислете. Пријавате“ ќе биде спроведена во Албанија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Италија, Литванија, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Словенија, Шпанија, Обединетото Кралство и кај нас во земјава.
Подготвено од М.Д.