27.05.1014 Скопје
Министеро Демири тврди дека 170 фантомски пациенти воопшто ги немало во системот „Мој термин“ и со ова тврдење го правда разрешувањето на медицинскиот директор на клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски.
Демири уверува дека случајот нема да заврши само со разрешувањето на докторот, туку ќе следува и пријава до јавното обвинителство поради сомнежи за фалсификат, односно дека се бришени луѓе од „Мој термин“, но изворот на информациите, министерот не сакаше да го открие. Тој ги прокоментира и информациите за зголемена смртноста на Клиниката, што треба да го утврди посебна Комисија.
Веста за зголемена смртност, според која, во изминатиот период на Кардиохирургија смртноста се движела меѓу 25 и 40 проценти, односно, во последниве три месеци, од 31 операција, починале дури 14 пациенти.
Шокаровски, пак, денеска ги отфрла ваквите наводи и наводите на Демири. Најави дека наскоро ќе излезе со официјално соопштение. Според него, разрешувањето е спротивно на изборниот закон бидејќи е донесено од технички министер.
Покрај Шокаровски, разрешена е и Александра Ефтимова која ја водела програмата за ангажирање на српски експерти кои земале дневница од 700 евра. Демири вели причина за тоа е бидејќи бил бојкотиран и таа не му доставила официјален извештај за кои доктори станува збор.
Инаку, Шокаровски ја презеде фунцкијата медицински директор на кардиохирургија по скандалозното разрешување на докторот Сашко Јовев.
Подготвено од М.Д.