13.05.2024 Скопје
Рускиот претседател Владимир Путин, чија војска дома е критикувана дека има мал напредок и и големи загуби за време на нејзината целосна инвазија на Украина, објави дека го заменува долгогодишниот сојузник Сергеј Шојгу на функцијата министер за одбрана.
Кремљ соопшти дека Шојгу (66) ќе биде заменет со поранешниот прв вицепремиер Андреј Белоусов (65), кој пак е малку познат политичар, специјализиран за економски прашања.
Шојгу пак, кој беше министер за одбрана од 2012 година и ја водеше руската војска преку нејзината целосна инвазија на Украина која започна во 2022 година, е именуван за шеф на Советот за безбедност на Русија, кој го советува претседателот за прашањата за националната безбедност.
Кремљ соопшти дека како дел од должностите на Шојгу во Советот за безбедност, поранешниот шеф на одбраната ќе советува за прашања кои вклучуваат воено-индустриски теми.
Шојгу ќе го замени Николај Патрушев на чело на Советот за безбедност. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека следната позиција на Патрушев ќе биде објавена во наредните денови.
Горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата – кој исто така ги објави промените – соопшти дека Путин предложил повторно именување на Сергеј Лавров за министер за надворешни работи на Русија.
Британскиот министер за одбрана Грант Шапс изјави дека следниот шеф на одбраната на Русија ќе биде уште една „марионета“ на Путин.
Потезите доаѓаат откако руската влада официјално поднесе оставка по инаугурацијата на Путин на 7 мај по петти пат, на церемонијата на започнување на новиот шестгодишен мандат што беше бојкотиран од повеќето западни земји поради неговата војна во Украина и изборната победа што тие ја отфрлија како се оркестрирани за да му обезбедат убедлив резултат.
Подготвено од М.Д.