OLENA ZELENSKA

13.05.2024 Скопје

Олена Зеленска, првата дама на Украина денеска пристигна во Белград, во прва посета на висок украински функционер после 2022 година.

Зеленска заедно со српската прва дама Тамара Вучиќ, и украинскиот министер за надворешни работи Дмитрко Кулеба, го обиколија Белград и тврдината Калемегдан.

Руските портали пренесувајќи ја веста, наиде на жестоки коментари од страна на руските граѓани кој ја критикуваат српската надворешна политика, и се поголемиот број „непријатели“ на Русија.

Зеленска и Кулеба покрај од Вучиќ, беа дочекани и од министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, како и амбасадорт на Украина во Белград, Володомир Толкач. Двете земји потпишаа неколку договори за соработка.

Подготвено од М.Д.

About Author