hor-koco-racin-1068x801

30.05.2024 Скопје

Хорот на основното училиште „Кочо Рацин“ од Скопје го освои првото место на фестивалот Соправиста во Венеција, светски куп на фолклорот. Олег, Софија, Мартин, Мина, Меглена, Александра и Јана под менторство на наставничката по музичко образование Наташа Митрова беа прогласени за победници во натпреварот меѓу 500 учесници од 12 земји.

„Победнички, силно, достоинствено, храбро, смело… во срцето на Италија се слушна македонската песна. Песна, која и не само италијанското срце, туку и срцето на многу земји го обои во црвено – жолти нијанси. Неверојатно е чувството да се слушне името на татковината Македонија, но победнички. Замислете, 7 мали деца ја направија татковината горда, го направија гордо и своето училиште, својот училиштен дом“, изјави Митрова.

Лани истиот хор победи на натпреварот во Римини, Италија.

Подготвено од М.Д.

About Author