skolski-klupi-i-stolcinja-i-lcd-tv

14.05.2024 Скопје

Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) в четврток, 16 мај, ја прекинува работата во сите училишта поради загрозена безбедност при работа.

Независниот синдикат на просветните работници на Србија ги повика вработените во образованието, како и сите други граѓани кои сакаат училиштата да бидат место за мирна работа и престој на учениците и наставниците, да дојдат на протестен митинг пред Собранието на Србија в четврток, 16 мај во 12 часот и да ги поддржат барањата.

„Насилството врз вработените во образовните институции не стивнува… Се бараа измени на Кривичниот законик со кои ќе се дефинира остра санкција за секој облик на насилство во училиште и во врска со работата во училиште, укинување на анонимните пријави до просветен инспекторат и воведување можност за суспендирање на ученик – насилник по брза и едноставна процедура“, велат од Синдикатот.

Оттаму додаваат дека и покрај големиот број инциденти и трагичните настани во училиштата кои следеа, „Владата упорно ги игнорира овие барања“.

„Ја покануваме и Славица Ѓукиќ Дејановиќ да дојде на овој состанок и да се соочи со вистината за ресорот за кој е одговорна, наместо да ги посетува училиштата каде директорите се членови на Социјалистичката партија на Србија како дел од изборната кампања. Или треба веднаш поднесете оставка“, заклучуваат од Синдикатот.

Подготвено од М.Д.

About Author