09.05.2024 Скопје
Повеќе деца се повредени откако конструкција на рингишпил се сруши вчера околу 13:30 часот во градот Куршумлија во Србија пренесуваат српските медиуми.
Сеуште не се знае точно колку деца се повредени но се наведува дека едно 13 годишно дете е во кома , а додека друго дете се има здобиено со тешки повреди и е пренесено во болницата во Ниш.
“Тешко повредената девојка е пренесена во болницата во Ниш. Она е реанимирана и се наоѓа во многу лоша состојба.Останатите деца се пренесени во болницата во Прокупље а дел од нив се пуштени на домашно лекување.
Подготвено од М.Д.