https://www.facebook.com/photo/?fbid=1860823030759814&set=a.479735413508390

07.05.2024 Скопје

Претседателот Мицкоски укажа на тоа дека власта се прогласила себе си за европејци, само за да не се збори за криминалот, а еден метар не мрдна за придвижување кон Европа.

Мицкоски продолжи и додаде:

„Тие од власта ја одземаа. Направија системот да им служи на ним, а не на народот. Државните тендери станаа приватни. Најповторуваното чувство кај народот е дека нема систем, нема држава. Затоа што се создаде еден апарат воден од ДУИ, а опсулужуван од СДСМ кој ја потопи Република Северна Македонија во криминал и корупција“, посочи Мицкоски.

Претседателот Мицкоски укажа на тоа дека власта се прогласила себе си за европејци, само за да не се збори за криминалот, а еден метар не мрдна за придвижување кон Европа.

„Се потплаќа за здравствен преглед, се фаќаат врски за образование, за добивање на субвенции. Не доведоа буквално до работ. Создадоа еден димен облак, спротстрија една завеса која им се вика Европската Унија. Се прогласија себе си за европејци, само и само да не се збори за криминалот, а еден метар не мрднаа и не не’ придвижија кон Европа. И од Европска Унија се срамат кога гледаат дека Артан и Бујар ги бранат. Додека за тоа зборат го посрамотија со штетни одлуки и договори секое национално чувство на Македонецот. Се однесуваат кон Република Северна Македонија, нацијата и идентитетот како да сме некаков хибрид. Дека немаме спомени, дека немаме паметници и херои. Дрво без корен. А тоа е само затоа што не сакаат да погледнат околу себе“, дециден е Мицкоски.

Подготвено од М.Д.

About Author