https://flickr.com/photos/tracz/4646840998/in/photolist-85CgWf-29iRvWQ-RPtPQZ-RXDKrk-2bLoKtf-La4LDt-K8aY23-4VJFoe-MAUj1u-V2EBhQ-ftUpSC-yyfm79-H16Ve1-cjGeFU-q2htN9-TbjfAa-JSDJL9-p4Hsty-6sBiDQ-JEKjd-fEqWH-daHsFy-8mnrbb-yiTmu6-4e4ecL-YE6a69-cGHLYo-pVQNe5-uUwpT-im3L3p-oPRhu5-EyFVPh-p9Cwme-nL2evJ-bC9bqJ-uz4Zk7-sd5oQG-9HbdWV-2fN8AVM-akg2Q9-8KZJ6d-bFadM3-7STPo5-7SE6ut-8xMebR-KorEjY-URcifE-26HUq1m

30.05.2024 Скопје

Шефот на полската дипломатија, Радослав Шикорски, изјави дека Полска не треба однапред да отфрли ниту една опција, дури ни кога станува збор за испраќање свои војници во Украина.

Полскиот министер за надворешни работи,сепак ја отфрли можноста Полска да се обиде да набави нуклеарно оружје.

„Полска го ратификуваше договорот за неширење нуклеарно оружје. И има намера да остане во него, а исто така негираше дека се водат преговори за Полска да се приклучи на американскиот проект за Нуклеар шеринг“, изјави Шикорски.

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека Полска е подготвена за проектот, додека полскиот министер предупреди дека нуклеарното оружје е последната карта што ја има рускиот претседател, а кога се во прашање заканите, Русија веќе подолго време и се заканува на Полска со нуклеарно оружје.

„Русите се заканија дека ќе не уништат со нуклеарно оружје уште кога преговарав со САД за распоредување на противракетен штит во Полска. Тие се закануваа толку често што морав да апелирам до руските генерали да не ни се закануваат со нуклеарно оружје почесто од еднаш на секои три месеци. Потоа престанаа на некое време“, додаде полскиот министер за надворешни работи.

Во врска со неодамнешните најави дека Русија брзо повлекла дека планира да ги промени границите на Балтичкото Море, шефот на полската дипломатија рече дека најавите за промени на границите може да бидат знак за слабост и паника на Русија.

Полскиот министер сепак нагласи дека Полска, Европската Унија и НАТО прво темелно проверуваат што навистина значи таа руска најава и тоа што Русија ги отстранила граничните бои на речната граница со Естонија.

Според Шикорски, Полска сега треба да се концентрира на зајакнување и фортификација на источната граница со Русија и Белорусија во новиот воен проект „Источен штит“ и заштита на границите од илегална миграција, која Полска ја гледа како дел од хибридната војна што овие две земји ја водат против неа и ЕУ веќе неколку години.

Подготвено од М.Д.

About Author