OGRADA GRANICA

13.05.2024 Скопје

Полска планира да одвои околу 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија, најави заменик министерот за национална одбрана на земјата Сезари Томчик.

„Модернизацијата на самата ограда ќе чини околу 1,5 милијарди злоти (околу 375 милиони долари) и токму толку треба да се одвои за оградата навистина да функционира“, изјави Томчик.

Тој додаде дека на проектот работи тим од полски инженери и соработници од Технолошкиот универзитет во Шлезија.

Како што истакна, во моментов граничната ограда не е доволно ефикасна за да ги одврати илегалните мигранти.

Томчик призна дека полските граничари ги враќаат илегалните мигранти, кои ги фаќаат директно на граница, назад во Белорусија.

Полскиот премиер Доналд Туск во февруари објави дека владата одлучила да започне со работа на модернизација на оградата на границата со Белорусија, која беше подигната во 2022 година. Оградата е ѕид од челични решетки блокови висока 5,5 метри и долга 186 километри. Целта е заштита од илегални мигранти. Изградбата на ѕидот чинела 278 милиони долари.

Подготвено од М.Д.

About Author