20.05.2024 Скопје
Концертот на „Guitar Art“ вчера собра 1.000 гитаристи на плоштад во Белград, кои поставија национален рекорд во присуство на инструменталисти кои свират на гитара и слични инструменти.
Концертот „1.000 гитари“ ги привлече пред се во центарот на Белград најмладите гитаристи и нивните учители, но заедно свиреа цели семејства, составени од три генерации: дедо, татко и син…
Имаше мајки и ќерки кои „замавнаа“ со белградскиот блуз квартет и специјалните гости на концертот, меѓу кои Дејан Цукиќ, Ју групата, Кики Лесендриќ и Пилотите, Срѓан Гојковиќ Гиле, Бојана Стаменов, Никола Чутурило – Чутура. „Ова е конечно моментот кога барем на еден час ги заменуваме силиконите за витамини на ’Трг Републике’. Ова е сеќавање на мојата младост и почетоци во рокенролот. Среќен сум“, изјави Никола Чутурило Чутура.
За неколку минути неколку илјади љубопитни луѓе се собраа на плоштадот да уживаат во првокласен музички настан.
Подготвено од М.Д.