13.05.2024 Скопје
Првиот пациент во светот на кој му беше пресаден првиот генетски модифициран свински бубрег во светот почина речиси два месеци после операцијата, Хирурзите во општата болница во Масачусетс во март годинава му пресадија генетски модифициран свински бубрег на Рик Слејман, 62-годишен пациент во терминална фаза од болест на бубрезите.
Операцијата беше пресвртница во ксенотрансплантацијата, односно трансплантација на органи или ткива од еден животински вид на друг, како потенцијално решение за недостигот на органи ширум светот. Смртта на Слејман не е поврзана со трансплантацијата, соопштија од болницата.
Свинскиот бубрег бил генетски модифициран за да се отстранат штетните свински гени и да се додадат одредени човечки и да се подобри компатибилноста со луѓето. Научниците, исто така, ги деактивирале свинските ендогени ретровируси во винскиот донор за да се отстрани секаков ризик од инфекција кај луѓето.
„Немаме причина да веруваме дека смртта е резултат на трансплантацијата. Господин Селјман засекогаш ќе остане светилник на надеж за безброј пациенти ширум светот и длабоко сме благодарни за неговата доверба во нас и спремноста за напредок на полето на ксенотрансплантацијата“ велат од болницата.
Подготвено од М.Д.