30.05.2024 Скопје
Побарувачката на нафта во светот ќе расте. Глобалната побарувачка за нафта ќе расте најмалку до 2034 година. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) е оптимист за растот на светската побарувачка за нафта годинава и во 2025 година. Генералниот секретар на организацијата Хајтам ел Гајс на состанокот во Виена кажа дека очекува глобалната побарувачка за нафта оваа година да се зголеми за 2,2 милиони барели дневно на вкупно 104,5 милиони барели дневно.
Во 2025 година, побарувачката за нафта се очекува да порасне за 1,8 милиони барели дневно, на 106,3 милиони барели дневно.
Цените на нафтата се стабилизираа на нивото над 84 долари за барел на меѓународните пазари во средата, поддржани од индициите за силна побарувачка во САД и проценките дека водечките производители ќе ја намалат понудата во втората половина од годината.
Иран планира да го зголеми производството на нафта од 3,6 на четири милиони барели дневно.
Според агенциите, Иран во првиот квартал од оваа година просечно извезол 1,56 милиони барели нафта дневно.
Лани Техеран извезол во просек 1,29 милиони барели дневно, што е за 50 отсто повеќе од 2022 година.
Подготвено од М.Д.