evra pari

15.05.2024 Скопје

Според најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), до 2029 година – земајќи ја предвид очекуваната разлика во стапките на економски раст – во однос на БДП по глава на жител според куповната моќ, Словенија ќе ја престигне Италија и ќе се приближи многу поблиску до Обединетите Кралството и Франција.

По овогодишниот реален раст на БДП од 2%, ММФ во Словенија предвидува зајакнување на економската активност од 2,5% во 2025 година, а потоа околу 2,7% за следните години.

Ваквата економска динамика, иако пониска отколку во годините пред избувнувањето на пандемијата со ковид-19 и со закрепнувањето по коронавирусот во 2021 година, според прогнозите на фондот, значително ќе ги надмине оние на членките на ЕУ во западна и јужна Европа со што постепено ќе се намали развојниот јаз на Словенија со најразвиените земји во Европа.

Според прогнозите на ММФ  оваа година словенечкиот БДП по глава на жител, изразен во стандардите за паритет на куповната моќ, е 53.290 долари, тој треба да достигне 66.680 долари веќе во 2029 година.

Ова би било повеќе од очекуваната вредност на овој индикатор за Италија, за која се очекува стандардот за куповна моќ да се зголеми од 56.910 долари оваа година на 64.830 долари во 2029 година. Исто така, треба да се забележи дека разликите во развојот во Италија се големи и дека нејзиниот северен дел е претежно една од поразвиените области во Европа, додека јужниот дел е сè уште недоволно развиен.

До 2029 година Словенија би требало многу повеќе да се доближи до Франција и Обединетото Кралство во однос на БДП по жител и куповната моќ. Во Франција, тој индикатор треба да се зголеми од 60.340 долари оваа година на 70.150 долари во 2029 година. Во Обединетото Кралство, сепак, се очекува да се зголеми од 58.880 на 68.700 долари.

Словенија пред извесно време по овој критериум ги престигна Грција, Португалија и Шпанија и оваа разлика ќе остане, односно ќе биде нешто поголема.

Словенија, иако стандардно е лидер во Централна Европа, сепак ќе биде значително зад Австрија, Германија и повеќето други членки на ЕУ во северозападна и северна Европа, каде споменатиот показател е близу или над 80.000 долари.

Генерално, Централна Европа забрзано го фаќа чекорот со Западот. Полска, на пример, брзо го намалува развојниот јаз со некои западни и јужноевропски членки на ЕУ, каде БДП по глава на жител според стандардите за куповна моќ се очекува да се зголеми од 49.060 долари во 2024 година на 63.450 долари до 2029 година. Силен раст треба да забележи Литванија. со 50.600 до 64.790, како и Чешка, од 50.470 до 62.600 долари.

Подготвено од М.Д.

About Author