hajdelberg

29.05.2024 Скопје

Германско дуално високо образовани и врска со бизнис секторот“е темата на која денес се одржа панел дискусија на факултетот Хајделберг во Скопје. Во која беа присутни претседателот на бордот на директори на факултетот Хајделберг од Скопје и член на Советот за економија на германската ЦДУ, Улрих Цајтел, како и претседателката на Универзитетот Провадис во Франкфурт, Урсула Бихер-Ото.

Претседателот на бордот на директори на факултетот Хајделберг од Скопје и член на советот на за економија на германската ЦДУ, Урлих Цајтел вели дека во Германија има недостаток од квалификуван кадар во многу области но, клучниот кадар кои што можат да го истакнат е дека економијата има потреба од вештачката интелигенција.

„Да точно е тоа ни недостасува квалификуван кадар во германија во многу области. Меѓутоа еден клучен кој што можеме да го истакнеме и кој што многу значи за нашата економија е вештачката интелигенција, тоа значи дека нашата економија има потреба од развој на вештачка интелигенција, поточно од областите на ИТ и комуникација.“ – изјави претседател на бордот на директори на факултетот Хајделберг од Скопје и член на Советот за економија на германската ЦДУ, Улрих Цајтел.

Претседателка на Универзитетот Провадис во Франкфурт, Урсула Бихер-Ото вели дека во Германија има специјален систем на дуално образование, каде што се комбинира стручно образование во соработка со компаниите. Односно студентите ќе поминуваат 2 дена на Факултет три во компанијата. Исто така таа вели дека има две насоки во кои можат да работат македонците во Германија: информациска технологија и бизнис администрација за кои се предвидени 30 студенти.

„Ние во Германија имаме специјален систем на дуално образование каде што комбинираме стручно образование во соработка со компаниите а во овој случај станува збор на соработка на компаниите со универзитетите или со факултетите тоа значи дека студентите ќе поминуваат два до три дена во компанија со стекнување на практично знаење а два дена ќе поминуваат на факултети тука станува збор за додипломски студии кои што се комбинација од практична со теоретска настава. – изјави претседателката на Универзитетот Провадис во Франкфурт, Урсула Бихер-Ото.

Професорот на Факултетот Хајделберг во Скопје, Синиша Наумовски ги презентира предностите на овој вид образование.

„Ние сме тука 10тина години во борба да го промениме системов колку можеме колку можеме високообразовниот систем кои сите знаеме дека е лош она што ме радува е подршката на идната влада . Беа чинителите на идната влдата вчера на состанок од ресорот за образование од најголемата партија која што ќе ја формира владава и ресорот за финансии од нив добивме силна подршка и начини на имплементација на дуалното високо образование преку мостот Хајделберг и особено подршката од педагошкиоит државен универзитет во хајделберг преку професор“, изјави проферсорот на факултетот Хајделберг во Скопје, Синиша Наумовски.

Исто професорот Наумовски кажа дека со присуството на германски компании овде се пренесува и германскиот образовен систем што е предност. Според него шанса за привлекување стратешки инвестиции произлегла и од војната во Украина.

Подготвено од М.Д.

About Author